Дома Фудбал Лапорта: Имам морална обврска кон Меси

Лапорта: Имам морална обврска кон Меси

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта уште еднаш ги разгоре шпекулациите за едвентуално враќање на Лео Меси.

Лапорта пред извесно време изјави дека „Меси се уште не завршил“ со Барселона и дека може да се врати во иднина.

Шпанските медиуми пишуваа дека во 2023 година Аргентинецот може да се врати во каталонскиот клуб.

„Нема повеќе да зборувам за Меси, бидејќи тој е играч на ПСЖ. Имам морална обврска кон него, но зборувањето може да оди против нашите аспирации. Односот со неговото семејство? Добар“, изјави Лапорта за „Мундо Депортиво“.

На оваа тема се огласи човек и од правниот тим на Лео Меси (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ја открива вистината: Им испративме понуда од 100 милиони евра!

Барселона првпат јавно потврди дека летово испратила официјална понуда за аргентинскиот на…