Дома Фудбал Англија Лампард сакал да го доведе Халанд во Челзи во 2019 година

Лампард сакал да го доведе Халанд во Челзи во 2019 година

Лампард во разговор со англиските медиуми откри дека сакал да го доведе Ерлинг Халанд во Челзи уште во 2019 година.

Халанд игра фантастична сезона во Манчестер Сити, постигна до сега 52 гола и е извран за најдобар фудбалер во Премиер лигата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лампард сакал да го доведе Халанд на „Стенфорд Бриџ“ уште кога играше за Салцбург, но за жал на Челзи трансферот не се реализираше.

„Сакав да го донесам во Челзи. Сакам да гледам фудбалери кои се гладни за успех. Од наша страна, се обидов да го донесам, но не знам дали апетитот беше ист и на друго место. Конкуренцијата беше голема, мислам дека имаше откупна клаузула која беше разумна. Не ги знам деталите. Не знам дали ќе одлучеше да дојде кај нас“, изјави Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Полицијата упадна во соблекувална пред квалификациски меч за СП за да уапси фудбалер

Непосредно пред важниот квалификациски меч против репрезентацијата на Костарика, фудбалски…