После преговорите кои се водеа десетина дена Френк Лампард го превзема Челзи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Еден од најдобрите играчи на овој клуб се враќа на „Стенфрод Бриџ“. Лампард со „сините“ потпиша договор на една година.
„Горд сум што се враќам во мојот клуб како тренер. Сите знаат колку го сакам Челзи и историјата која ја делиме. Мојот фокус е на сезоната која е пред нас. Тука сум напорно да работам и да донесам успех во иднина. Со нетрпение чекам да започнам со работа“, изјави Лампард за официјалната страна на Челзи.
Лампард во Челзи помина 13 години како фудбалер и стана легенда, но и најдобар стрелец во историјата на клубот.
Сега се враќа во улога на тренер и сите се убедени дека овој потег на Челзи е полн погодок.
HE’S HOME! ?
Frank Lampard is the new Chelsea head coach!
#WelcomeHomeFrank— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 4, 2019