Дома Фудбал Англија Лампард го знае проблемот на Челзи: Ако дојдете и погледнете еден тренинг се ќе ви биде јасно

Лампард го знае проблемот на Челзи: Ако дојдете и погледнете еден тренинг се ќе ви биде јасно

Челзи игра сезона за заборав, а вчерашниот пораз од Арсенал беше шестиот во низа што е премногу за клубот од „Стенфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лампард не може да победи на ниту еден натпревар од кога се врати на кормилото. Со потрошение 600 милиони евра Челзи не само што е далеку од битката за место во Европа, туку е само на девет бода од опасната зона.

Еден од проблемите според Лампард е што тимот нема самодоверба и тоа се забележува на тренинзите.

„Челзи во последните 20 години имаше многу успеси, меѓутоа сега е во една ваква позиција. Од кога сум тука на тренинзите се гледа причината зошто сме тука каде што сме. Ако бидеме мил, фин тим како во првото полувреме со Арсенал не е важно кој е на другата страна. Тоа нема да се промени преку ноќ, меѓутоа мораме да промениме нешто што е можно побрзо.

Фудбалерите во овој момент немаат самодоверба, а ако сте играч на Челзи морате да играте на одреден начин. Единствената работа која може да не извлече од оваа ситуација се разбирањето и работата“, изјави Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА ги изненади фановите со изборот на судии за полуфиналето на Светското првенство

ФИФА ги именуваше судиите за полуфиналните натпревари на Светското првенство. Големата пре…