Дома Фудбал Германија „Кутињо ќе биде најдобриот играч во Бундеслигата“

„Кутињо ќе биде најдобриот играч во Бундеслигата“

Фелипе Кутињо наскоро и официјално ќе стане нов играч на Баерн Минхен.

Бразилецот после рекордниот трансфер од Ливерпул во Барселона не се снајде најдобро на Камп Ноу и ова лето се поврзуваше со многу клубови.

На крајот баварскиот клуб договори позајмица на Кутињо до крајот на сезоната со можност за откуп на договорот, а играчот на Херта Марко Грујиќ смета дека Бразилецот ќе биде најдобар играч во Бундеслигата.

„Голема работа за цела Буденслига е што ќе има прилика да го види Кутињо.“ – изјави Грујиќ.

„Тој е посебен и возбудлив играч. Има неверојатни трикови и вештини во својата ризница. “

„Уживав во секој тренинг со него во Ливерпул. Тој ќе биде далеку најдобриот фудбалер во Германија.“ – додаде играчот на Херта.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Гвардиола: Јас знам колку напорно работевме, никој не ни помогнал

Пеп Гвардиола одговараше на прашањата од новинарите пред 27. коло од англиската Премиер ли…