Дома Топ вести Куртоа во вчерашното дерби и се повредил: Го чека пауза

Куртоа во вчерашното дерби и се повредил: Го чека пауза

Тибо Куртоа ќе биде надвор од терените две-три недели, потврди Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За отсуството на белгискиот голман не се причина неговите реакции кон навивачите на Атлетико Мадрид во вчерашното градско дерби, туку станува збор за повреда.

Куртоа во вчерашниот натпревар го повреди адукторот на неговата лева нога и ќе мора да паузира. Очекувањата се да пропушти неколку натпревари меѓу кои и гостувањето против Лил во Лигата на шампионите.

Ќе потсетиме, Куртоа во минатата година имаше тешка повреда поради која беше надвор од терените до пред крајот на сезоната. На голот на Реал како и тогаш, ќе застане Украинецот, Андреј Лунин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ибра има свој фаворит за Светското првенство: Ако не сте верувале, повторно ќе кажам: почнете да верувате

ЗЛАТАН Ибрахимовиќ верува дека милионите Американци кои искрено ја поддржуваат својата реп…