Дома Фудбал Куман: Не разбирам зошто ме критикуваат

Куман: Не разбирам зошто ме критикуваат

Tренерот на Барселона, Роналд Куман во најавата на утрешниот натпревар во Ла Лига против Реал Сосиедад зборуваше за критиките добиени после минатиот меч на Каталонците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона едвај успеа да победи на домашен терен против Леванте. Меси во овој натпревар одново ја спаси Барселона и го постигна единствениот гол на мечот.

Куман не ги разбира критиките кои ги добива затоа што на пет минути пред крајот во игра го стави Самуел Умтити. На тој начин Барселона го бранеше резултатот од 1:0.

„Разбирам да добиваме критики ако изгубиме четири или пет натпревари, но не разбирам зошто ме критикуваат што ставив стопер на пет минути пред крајот кога ни беше потребна победа. Некогаш тоа мораш да го направиш. Не можеме секогаш да притискаме“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл во Мадрид: Реал тргна по најголемиот клупски трансфер во историјата!

Големи вести пристигнуваат вечерва од Мадрид. Реал тргна по ѕвездата на Челси, Енцо Фернан…