Дома Фудбал Куман: Не знам дали ќе бидам тренер на Барселона наредната сезона

Куман: Не знам дали ќе бидам тренер на Барселона наредната сезона

Tренерот на Барселона Роналд Куман зборуваше на прес-конференциајта пред последниот натпревар од сезоната против Еибар.

Каталонскиот клуб со поразот од Селта во претпоследното коло ги изгуби сите шанси за напад на титулата за која во последното коло ќе се борат градските ривали Атлетико Мадрид и Реал.

Холандскиот стратег зборуваше за последниот натпревар во сезоната и иднината на клубот од „Камп Ноу“.

„Ова е последен натпревар во сезоната и ќе направиме се за да победиме. Вистина е дека натпреварот нема никакво значење, но ова е последен натпревар во сезоната и сакаме да победиме“, ијави Куман.

Потоа тој зборуваше и за својата иднина.

„Навистина не знам дали ќе бидам тренер на Барселона и наредната сезона. Разговарав со претседателот пред две недели и се договоривме да седнеме и да разговараме на крајот од сезоната. Ќе видиме, јас сум спремен да си одработам договорот до крај. Сепак, претседателот го има последниот збор“, заврши Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…