Дома Фудбал Куман искрен: Овој тим не е на нивото на Барселона

Куман искрен: Овој тим не е на нивото на Барселона

Барселона ја заврши сезоната на трето место во Примера и со рана елиминација во ЛШ, па иднината на тренерот Куман е доведена во прашање.

Куман не знае дали ќе остане на клупата и следната сезона, но призна дека овој ти не е на нивото на Барселона.

„Според мене, овој тим на Барса нема доволно квалитет за да ја гледаме онаа Барса која сите ја сакаме, го нема потребното ниво. Треба да бидеме реални. Јас го мислам тоа и многу луѓе во клубот го мислат истото“, истакна Куман.

„Се обидуваме да го подобриме тимот и мора да го подобриме. Имаме стари играчи кои докажаа дека се уште можат да играат за Барселона, има и млади играчи, но овој тим не е комплетиран“, заклучи Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…