Дома Фудбал Куман за црвениот картон на Меси: Нормално беше да реагира така

Куман за црвениот картон на Меси: Нормално беше да реагира така

Барселона вчера беше поразена во финалето на Суперкупот од Атлетик Билбао после продолженија.

Каталонците ги разочараа своите навивачи, а Лионел Меси доби црвен картон во 120 минута откако го удри играчот на Атлетико. За Меси тоа беше трет црвен картон во кариерата и прв во дресот на Барселона. Тренерот на Барселона, Роналд Куман застана во негова одбрана.

„Можам да го разберам она што го направи Меси. Не знам колку пати го фаулираа, но нормално е така да реагирате кога вас ве удираат и фаулираат цело време. Ќе ја погледнам ситуацијата повторно“.

Не се знаеше дали Меси ќе игра од првата минута, Куман одлуката Меси да биде стартер ја донел откако разговарал со Аргентинецот.

„Мислам дека после толку години на највисоко ниво тој знае кога може да игра, а кога не. Разговарав со него и ми кажа дека може да игра од првата минута“, изјави Куман.

Сега се чека да се види каква казна ќе заработи Меси за овој црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани позитивен на коронавирус

Aдријано Галијани, 76 годишниот директор на второлигашот Монца е заразен со коронавирус. С…