Дома Фудбал Крос откри дека го нервираат Обамејанг и Гризман

Крос откри дека го нервираат Обамејанг и Гризман

Играчот на Реал Мадрид и германски репрезентативец, Тони Крос е против некои работи кои стануваат тренд во модерниот фудбал, па ги „пецна“ Обамејанг и Гризман.

Крос веќе подолго време заедно со својот брат Феликс организираат поткаст, а сега зборуваше за прославувањето на головите на некои свои колеги.

Како лош пример ги наведе ѕвездите на Барселона и Арсенал, поради играта и ставањето маски при прославата.

„Извежбана кореографија, ставање маски, тоа според мене е будалаштина. Таквите работи ме убиваат“, изјави Крос.

„Тоа што не славам на таков начин не значи дека сум помалку среќен. Прашање е како ќе ја манифестираш радоста“, додаде Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк ја остави вратата за заминување отворена: Без нов договор, збогум налето!

Капитенот на Ливерпул вели дека ниту самиот не знае каде ќе игра следната сезона. Договоро…