Дома Фудбал Крос не му верува на Кариус: Дали е тоа оправдување?

Крос не му верува на Кариус: Дали е тоа оправдување?

Играчот на Реал Мадрид, Тони Крос не верува дека голманот на Ливерпул, Лорис Кариус во финалето на ЛШ имал проблеми поради потрес на мозокот.

На деталните прегледи во Бостон е потврдено дека германскиот чувар на мрежата доживеал потрес на мозокот во дуелот со капитенот на Реал, Серхио Рамос.

„Не знам дали е тоа оправдување за неговите грешки. Ако имаше потрес на мозокот, не требаше да продолжи да игра. Не можеше да биде толку сериозно. Имаше прилика да ја држи топката во рацете.“ – рече Крос.

Кариус во финалето направи две големи грешки и е директен виновник за поразот на Црвените од 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Риера бара пресврт во Звезда: Убавата игра не ги решава проблемите

Црвена звезда покажува напредок во играта, но резултатите сè уште не го следат. Дуелот со …