Европскиот шампион Вардар успеа да запише триумф против Мешков Брест во Лигата на шампиони, како и победа против Војводина во СЕХА-лигата, но победите останаа во сенка на повредата на Даинис Криштопанс.
Еден од најдобрите во црвено-црниот тим заработи повреда на скочниот зглоб на десната нога.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа значи дека Вардар во сабота нема да може да смета на помошта од Летонецот во мечот против Кјелце во елитното натпреварување.
Вардар во сабота ќе ги одмери силите со тимот на Киелце во Лигата на шампионите, а во составот би можело да биде и Бразилецот Хозе Толедо, кој досега нема настпаено за македонскиот тим поради санирање на повреда.