Руската тенисерка Мариа Шарапова се опрости од овогодинешното издание на УС Опен со пораз во осминафиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шарапова синоќа играше против шпанската тенисерка Суарез-Наваро која полесно од очекувањата стигна до победата и пласман во четвртфиналето. Првиот сет Суарез-Наваро го доби со 6:4 после 44 минути игра каде Шарапова не покажа скоро ништо.
Се очекуваше во продолжение на натпреварот Шарапова да го пронајде својот ритам и да се врати во натпреварот, но тоа не се случи.Во другиот сет Русинката ги освои само три гејма и така неславно се опрости од настапот на УС Опен.
Шпанската тенисерка во четвртгфиналето ќе игра против домашната тенисерка Мадисон Киз, која вчера со 2:0 славеше против Доминикa Чибулкова.