Дома Останати Кошарка НБА „Кралот“ се налути: Леброн во настап со спектакуларни забивања донесе победа за Лејкерси (ВИДЕО)

„Кралот“ се налути: Леброн во настап со спектакуларни забивања донесе победа за Лејкерси (ВИДЕО)

0

Лејкерси во голем стил конечно стигнаа до победа.

Лос Анџелес Лејкерси со 123:107 славеа на гостувањето кај Чикаго и така конечно ја прекинаа серијата од пет порази.

Секако најмногу заслуги за тоа одат кај најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс кој постигна 36 поени и имаше 10 асистенции и две украдени топки.

Сепак освен со неговиот учинок Леброн вечерта ја обележа и со спектакуларни забивања во негов стил кои денес се главна тема низ медиумите во САД.
Леброн буквално неколку пати ја креваше публиката на нозе со своите атракции.

Далас на Лука Дончиќ доживеа пораз на свој терен од Сан Антони, а Словенецот го заврши натпреварот со послаб учинок од 12 поени, 7 асистенции 6 скокови.

Никола Јокиќ со Денвер стигна до победа на свој терен против Минесота од 133:107. Јокиќ во победата учествуваше со 18 поени, 7 асистенции и 8 скокови.

НБА резултати:

Индијана – Њујорк 103:98

Филаелфија – Кливленд 106:99

Чикаго – Лејкерси 107:123

Далас – Сан Антонио 104:112

Њу Орлеанс – Милвоки 113:130

Денвер – Минесота 133:107

Лос Анџелес Клиперс – Портланд 104:125

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт и Јувентус, Барса и Нејмар, Савиќ пред портите на Париз!

Како и секој ден и денес сме тука да ве известуваме за се што се случува на трансфер пазар…