Дома Фудбал „Кој ќе се повлече и едно метро назад оди на клупа“ – Флик имал јасен план во „Ел Класико“

„Кој ќе се повлече и едно метро назад оди на клупа“ – Флик имал јасен план во „Ел Класико“

Eден од најистакнатите статистички податоци по „Ел Класико“ во кое Барселона славеше победа од 0:4 на гости во Мадрид се бројот на офсајдите.

Фудбалерите на Барселона ги „уловија“ „кралевите“ дури 12 пати во недозволена позиција. Килијан Мбапе самиот се најде дури осум пати во таква ситуација. Шпанските медиуми сега пренесуваат дека токму таков бил планот на Флик.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Можеби за многумина беше изненадување таквиот висок интезитет, но „Мундо Депортиво“ пренесува дека Флик инсистирал на таква поставеност. Не се откажал од таткиката ниту по поништениот гол на Мбапе поради офсајд и шансите на Реал.

Познатиот медиум повикувајќи се на близок изввор пренесува и една негова реченица од соблекувалната.

„Кој ќе се повлече и едно метро назад оди на клупата“, јасно им порачал Флик на фудбалерите.
Германскиот стратег барал целосна посветеност од своите фудбалери на тактиката која тој ја замислил и на крајот тоа се покажа и како одличен план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Рома не и оди: Раниери очекува три засилувања во јануари!

Рома ќе се стреми кон нови засилувања, Раниери има своја визија и смета дека на тимот му е…