Дома Фудбал Останато Кој е херојот на Ривер: Колумбискиот рекордер го споредуваа со Меси, а негов идол е Ривалдо!

Кој е херојот на Ривер: Колумбискиот рекордер го споредуваа со Меси, а негов идол е Ривалдо!

quintero

Ќе остане запаметен како човек на одлука во натпреварот кој во фудбалската историја ќе важи за еден од оние антологиските.

Хуан Кинтеро љубителите на фудбалот одблиску можеа да го запознаат на Светското првенство во Русија. Колумбија го играше првиот натпревар против Јапонија и не се прослави. Уште на стартот остана со играч помалку, а Јапонија стигна до победата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Беше 2:1, а Кинтер го постигна почесниот гол кој на крајот доби мести помеѓу најдобите на Мундијалот.

Освен тоа го обележи Мундијалот со одличната асистенција против Сенегал, кога гол постигна Јери Мина и тоа не му беше единствена аситенција, намести гол и на Фалкао портив Полска.

Кинтеро е роден на 18-ти јануари 1993 година и член на Ривер ќе биде до Нова Година, таман колку да го одигра и Светското клупско првенство. Таква е клазулата во неговиот договор за позајмица, бидејќи тој има важечки договор со Порто до 2021 година.

Кинтеро во Ривер стигна на 24-ти јануари оваа година на позајмица вредна 300.000 евра, а доколку Ривер сака да го откупи ќе треба да плати пет милиони евра.

Кариерата ја започна во 2009 година во Енвигада, подоцна играше за Атлетико Национал, Пескара, а во 2013 година пристигна во Порто како замена за Џејмс Родригез. Поради својата висина од 169 сантиметри, но и тоа што посилна нога му е левата многумина го споредуваа со Лионел Меси.

За репрезентацијата дебитираше кога имаше 19 години, во 2012 година против Камерун. Тој е рекордер кај Колумбијците бидејќи стана првиот играч кој постигнувал голови на два Мундијали.

Негов „маалски“ пристап може да се објасни со тоа што растеше во Меделин, некогаш злогласно подрачје во Колумбија. Иако го споредуваа и потсетува на Меси (според стилот) негов идол е Бразилецот Ривалдо.

После вчерашниот гол со гаранција неговото име ќе биде запаметено во фудбалскиот свет, без разлика што ќе направи иднина.

https://www.youtube.com/watch?v=JkH-n2oBRrI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…