Дома Фудбал Италија Кошмарот на Стриниќ конечно заврши!

Кошмарот на Стриниќ конечно заврши!

Хрватскиот дефанзивец и член на Милан, Иван Стриниќ доби зелено светло од докторите за враќање во тренажен процес, откако успешно ги помина медицинските тестови.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На Стриниќ му беа откриени срцеви проблеми при пристигнувањето во Милан после Мундијалот и му беше забранета секаква спортска активност.

„Во последните денови Иван Стриниќ помина серија од медицински прегледи кои покажаа дека фудбалерот може да ги поднови спортските активности и да се врати во тренажен процес“, соопштија од клубот.
Стриниќ од понеделник ќе почне со тренинзи, а се очекува во јануари да се врати на фудбалските терени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона е на чекор да изгради моќен напад со кој ќе ја нападне Лигата на шампионите!

Каталонскиот клуб има амбиција да донесе уште едно големо засилување во нападот… Зош…