Дома Македонски спорт Мак фудбал Кочо Анѓушев си замина од Борец – фудбалерите се слободни да си заминат!

Кочо Анѓушев си замина од Борец – фудбалерите се слободни да си заминат!

Ако во Скопје има проблеми со Вардар сега, проблеми има во Велес – Кочо Анѓушев официјално се повлече од ФК Борец!

На денешниот состанок на управниот одбор се потврдило заминување на главниот спонзор од клубот. Причината веќе е добро позната, а таа е незадоволството кај Анѓушев од работата на Општинскиот фудбалски сојуз и Фудбалската Федерација на Македонија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Освен тоа, сите фудбалери на Борец во ваква ситуација добиле слободни документи да си бараат нови клубови и тоа значи дека уште во овој преоден рок можат да си заминат бесплатно.

Овие лоши вести за велешани доаѓаат на само неколку недели пред почетокот на вториот дел од сезоната.

„На денешниот состанок донесовме одлука дека Брако како компанија не треба да продолжи да финансира во спортски федерации, чии раководства немаат респект кон спонзорите и онака како што слушаме од Агенцијата за млади и спорт, истите не се усогласени со законите на Р. С. Македонија. Во таа смисла, објавуваме дека Брако ќе престане да го финансира клубо и во иднина својата репутација како општествено одговорна компанија ќе ја надгради преку стипендирање на одлични студенти од велешката општина, претежно, но не едиснствено на техичките науки“, се вели во соопштението од Брако објавено на „Батали.нет“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Нови обвиненија за Тонали, се обложувал и во Англија

На Сандро Тонали му се заканува нова казна поради обложување на фудбалски натпревари. Тој …