Дома Фудбал Косовскиот шампион исфрлен од Европа поради заразени со коронавирус

Косовскиот шампион исфрлен од Европа поради заразени со коронавирус

Шампионот на Косово Дрита од Гњилане и официјално со службени 0:3 го загуби натпреварот во претквалификациите во Лигата на шампионите.

Причината за елиминацијата на Дрита е тоа што во неговиот тим има неколкумина заразени со коронавирус. Тимот каде што тренер Адријан Нухии, а членови се македонски интернационалци како Адријан Цуцули, Дарко Тофиловски, Буњамин Шабани и Изари Емини имаше еден заразен, а на последното тестирање се покажал уште еден позитивен.

Поради тоа натпреварот нема да се игра Дрита е елиминирана, а Линфилд ќе оди во првото квалификациско коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи гледа кон Гави: Барселона би го пуштила за 40 милиони евра?

Гави добива малку простор кај Ханси Флик, а Наполи ја следи можноста за јануарски трансфер…