Дома Фудбал Италија Коронавирус повторно во Наполи

Коронавирус повторно во Наполи

Во Наполи повторно има позитивни на коронавирус.

Елсеид Хисај и Амир Рахмани се позитивни на Ковид-19, соопштија денес од клубот.

„Резултатите од вчерашното тестирање покажаа дека Амир Рахмани и Елсеид Хисај се повторно позитивни. Двајцата се веднаш испратени во изолација и ќе се чекаат нови тестови. Останатите фудбалери и членови на стручниот штаб добија негативни тестови“, соопштија од Наполи.

Наполи вечерва од 18:55 часот ќе игра против шпански Реал Сосиедад во последното коло од групната фаза во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ираола за Баркола: „Го гледам во добра форма, но мора да бидеме внимателни“

Тренерот на Ливерпул, Андони Ираола, зборуваше за можноста Бредли Баркола да биде стартер …