Дома Фудбал „Кориере дело Спорт“ со висока оценка за сезоната на Елмас во Наполи

„Кориере дело Спорт“ со висока оценка за сезоната на Елмас во Наполи

Реномираниот „Кориере дело Спорт“ со висока осумка го оцени придонесот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во освоеното Скудето на Наполи.

Елмас сезоната ја заврши со шест гола и три асистенции, влегувајќи како „џокер“ од клупата на најголем дел од натпреварите Елмас успеа да биде трет стрелец зад Осимен и Кварацхелија.

„23-годишниот Елмас беше еден од најомилените фудбалери на Спалети во освојувањето на третата историска титула за Наполи. Најмногу тоа беше поради неговата универзалност да се користи на повеќе позици, па дури и како „лажна деветка“ кога ги немаше Осимен и Симеоне. Головите и асистенциите (вкупно девет) се доволен доказ за неговиот голем придонес во играта“, стои во објаснувањето на оценката за сезоната на македонскиот репрезентативец.

Повисоко оценети од Елмас се тренерот Лучијано Спалети, Џовани Ди Лоренцо, Ким Мин Јае, Станислав Лоботока, Виктор Осимен и Квича Кварацхелија, сите имаат оценка девет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски го оспори пеналот, Македонија со прекинат голгетерски пост чека поправен

Столе Димитриевски смета дека спорната пенал-ситуација можела да биде пресудена поинаку. П…