Репрезентацијата на Уругвај го победи САД со 1:0 и така со максимални девет бода се пласираше помеѓу најдобрите осум на Копа Америка. Во нокаут фазата продолжува и Панама која со 3:1 ја совлада Боливија.
Американците уште по поразот од Панама дојдоа на работ на елиминација и на крајот тоа и се случи.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Уругвај од друга страна одигра одлично и со три бода продолжи во четвртфиналето. Стрелец на победничкиот гол против САД беше Оливера во 66. минута од натпреварот.
Панама по победата против САД сега со Боливија само го потврди пласманот. До победата со Боливија доја со головите на Фахрадо, Гереро и Јанис, а единствениот гол за Боливија беше дело на Бруно Миранда.