Дома Фудбал Англија Конте призна: Ќе биде тешко да избориме пласман во ЛШ!

Конте призна: Ќе биде тешко да избориме пласман во ЛШ!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте изјави дека неговиот тим не заслужил да биде поразен на гостувањето кај Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ дојдоа до водство со голот на Вилијам, но Манчестер направи комплетен пресврт со головите на Лукаку и Лингард.

„Мислам дека ремито ќе беше праведен резултат, но сега зборуваме за пораз. Требаше да бидеме поефикасни. Натпреварот беше отворен и противникот не натера да платиме за тоа. Манчестер Јунајтед е одличен тим, а ние треба да бидеме разочарани бидејќи можевме подобро“, изјави Конте.

„Знаеме дека ќе биде тешко да се избориме за место во Топ 4 кое води во Лигата на шампиони. Треба да работиме повеќе бидејќи првенството е многу тешко и треба да крај да се бориме за место во ЛШ“, заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (40) моментално ужива во заслужен одмор по уште ед…