Дома Фудбал Италија Конте: Партичи го доведе Кулушевски во Јувентус само за да не го купиме во Интер

Конте: Партичи го доведе Кулушевски во Јувентус само за да не го купиме во Интер

Aнтонио Конте и Фабио Партичи сега соработуваат во Тотенхем, но до пред некое време беа ривали во Италија. Партичи беше спортски директор во Јувентус, додека Конте го водеше во Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега Конте отворено кажа дека Партичи го довел Кулушевски во Јувентус само за да му наштети на него затоа што и Интер бил во преговори.

„Партичи го доведе Кулушевски во Јувентус за само јас да не го доведам во ИНтер. Секогаш стратегијата доаѓа во преден план, а неговата беше таква. Истото се обиде да го направи и со Лукаку, сакаше да го купи во Јувентус затоа што многу добро знаеше дека ние го сакаме“, изјави Конте.

Сега во Тотенхем Партичи успеа да му го доведе Кулушевски кој не се снајде во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Един Џеко одговори дали ќе продолжи да игра за репрезентацијата по СП

Босна и Херцеговина е елиминирана од Светското првенство по поразот од САД со резултат од …