Челси во реванш натпреварот против Норвич славеше после изведување на пенали, бидејќи по 120 минути игра на Стемфорд Бриџ резултатот беше 1:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на Сините, Антонио Конте беше задоволен после пласманот во следната рунда од ФА Купот.
„Игравме добро, без разлика на измените во составот. Постигнавме еден гол и имавме уште неколку шанси за втор. Мојата идеја беше јасна, а тоа е да се пласираме понатаму и да се одморат неколку играчи.“ – изјави Конте, и додаде:
„Не сум среќен за Мората. И едниот и другиот жолт картон беа доста сумливи. Сега имаме голем проблем, бидејќи Алваро и Педро нема да играат против Брајтон, но без разлика на се, посакуваме три бода.“