Дома Фудбал Англија Конте и Мурињо се сложуваат за една работа – Јувентус!

Конте и Мурињо се сложуваат за една работа – Јувентус!

Имаа многу несогласувања оваа сезона, беа во судири, но околу една работа се сложуваат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И Антонио Конте и Жозе Мурињо го очекуваа исходот на „Вембли“ каде што Јувентус го елиминираше англиски Тотенхем.

„Знаев дека Јувентус ќе го елиминира Тотенхем, тие имаат стил и не се откажуваат од него кога постигнаа гол мислам дека на сите им беше јасно дека ќе поминат. Тоа е нешто кое е карактеристика на најдобрите, играат на резултат“, изјави Мурињо.

Поранешниот менаџер на Јувентус, Антонио Конте смета дека помеѓу Челзи и Јувентус не можат да се прават споредби.

„Тоа е неспоредливо. Вие зборувате за тим кој има огромно искуство и способност да победува кога не му оди. Тоа се играчи кои играа финале во Лигата на шампионите, некои од нив освоија се, тоа искуство е најважно и во второто полувреме сите можевме да го забележиме“, зборуваше Конте за својот поранешен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пожарите го одложија дебито на Левандовски за новиот клуб

Дебитантскиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр мораше да биде одложен. Натпрева…