Дома Фудбал Останато Конте за Луиз: Секој фудбалер мора да ја прифати мојата одлука

Конте за Луиз: Секој фудбалер мора да ја прифати мојата одлука

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте пред медиумите не сакаше премногу да зборува за конфликтот со Давид Луиз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанскиот стручњак беше незадоволен од фактот што бразилскиот фудбалер му се спротиставил после натпреварот во Лигата на шампионите против Рома.

Поради своите коментари Луиз се најде на трибините во дербито против Манчестер Јунајтед. Конте тврди дека тоа е причина на тактика, а тоа го потврди и денес.

„Тоа беше тактичка одлука.. Секој фудбалер мора да ја прифати мојата одлука. Тука сум да зборувам за натпреварот кој е пред нас. Тоа не ми се допаѓа“, изјави Конте.

Откако беше изоставен од тимот за натпреварот против Јунајтед започнаа шпекулации дека Луиз би можел да го напушти тимот. Како наредни дестинации на Бразилецот се споменуваа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го купи Нико Паз од Комо за девет милиони евра, па му го продаде 60

Реал Мадрид донесе очекувана одлука за трансфер на својот млад талент ова лето – Нико Паз …