Дома Фудбал Конте веќе испишува историја во Интер

Конте веќе испишува историја во Интер

Тимот на Интер продолжува со одличните игри оваа сезона под водство на Антонио Конте.

Интер вчера го победи Лацио со 1:0 и така стигна до петтата победа во петтиот натпревар сезонава.

На тој начин Конте веќе се запиша во историјата на Интер. Конте стана првиот тренер на „нероаѕурите“ кој запишал пет победи во првите пет кола во неговата дебитантска сезона.

Зад себе одличниот стратег ги остави Ектор Купер, Роберто Манчини и Еленио Ерера кои имаат по една победа помалку.

Освен петте победи тука е и одличната гол-разлика. Интер сега има учинок од десет дадени и еден примен гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младите без страв против Швајцарија: во Турново продолжува битката за Лига А

Македонија до 19 години по ремито со Северна Ирска ја чека пресметка со Швајцарија. Само п…