Дома Останати Конор сепак е можно да биде следен противник на Кабиб

Конор сепак е можно да биде следен противник на Кабиб

0
konor khabib

Претседателот на УФЦ Дан Вајт потврди дека Конор веројатно ќе добие прилика за реванш против шампионот во лесна категорија Кабиб Нурмагомедов ако Тони Фергусон ја одбие борбата.

Во Абу Даби Кабиб го совлада Дастин Пориер, а после мечот беше потврдено дека Тони Фергусон ќе биде наредниот ривал на Кабиб.

Тони Фергусон е следен на ред, ако ја прифати борбата“, порача Вајт.

Сепак, така практично потврди дека Конор ќе добие шанса за реванш ако во некој случај Фергусон одбие да се бори, што е навистина тешко да се случи.

„Ако Тони од некоја причина не ја прифати борбата, тогаш ќе одиме понатаму. Но, да борба со Конор има смисла. Мекгрегор силно ја сака таа борба и сигурен сум дека и фановите би сакале да ги видат повторно нив двајца“.

Ќе потсетиме, Кабиб го победи Конор во октомври минатата година после четири рунди.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Еден-два победа на Ферари во Сингапур

Себастијан Фетел конечно победи, а Ферари стигна до голем триумф на ноќната трка во Сингап…