Дома Останати Конор за Доналд: Ќе го претепам и ќе блеснам 18. јануари

Конор за Доналд: Ќе го претепам и ќе блеснам 18. јануари

MMA борецот Конор Мекгрегор со нетрпение ја очекува саботната борба против Доналд Серон во рамките од УФЦ 246 во Лас Вегас.

Ирецот се враќа во октагон после повеќе од една година и поразот од Кабиб Нурмагомедов.

„Се радувам што се враќам во октагон во оваа борба. Не се сомневам дека ќе го претепан. Би го претепал во секоја категорија, би го претепал и да имам грип! Ќе биде тоа убава ноќ во која јас ќе блеснам. Ќе направам магија во окатагон како што сум правел многу пати до сега, но овој пат тоа ќе биде нешто посебно“, изјави Мекгрегор.

Еден од најпопуларните борци ќе се натпреварува во велтер категоријата.

„Велтер е совршен за мене, тоа е моја тежина. Се чуствувам одлично кога сум на оваа килажа, понс сум со енергија“, порача Ирецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

MOZZART со донација за хируршкото одделение во Општа болница Гостивар

Компанија Mozzart продолжува со општествено одговорните активности, овој пат со донација н…