Дома Фудбал Конечно малку добри вести и за Ливерпул

Конечно малку добри вести и за Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул, Вирџил ван Дијк и Роберто Фирмино се вратија на тренинзите по повредите.

Конечно добри вести за Јирген Клоп, откако неделава дозна дека нема да може да смета на Ибрахим Конате во следните неколку недели, но денес се вратија Ван Дијк и Фирмино.

Ван Дијк се опорави од повредата на тетивата здобиена против Брентфорд минатиот месец, додека Фирмино беше надвор од теренот по паузата од Светското првенство кога заработи повреда на тренингот кампот во Дубаи.

Ливерпул во сабота ќе игра со Вулверхемптон, но тешко е да се очекува двајцата да бидат спремни за овој дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…