Дома Фудбал Конечно добра вест за Пиоли, Ибра се враќа

Конечно добра вест за Пиоли, Ибра се враќа

Милан има големи проблеми со повредени фудбалери, но конечно стигна и добра вест за тренерот Пиоли.

Имено, Златан Ибрахимовиќ денес го одработи целиот тренинг со соиграчите и ќе биде спремен да се врати на терените.

Оливие Жиру исто така го надмина проблемот со повредата и веќе два дена тренира со тимот, па двајцата ќе бидат спремни за дуелот со Верона во сабота.

Голманот Мањан вчера се оперираше и ќе отсуствува 10 недели од терените, додека Тео Хернандес е позитивен на Ковид и моментално е во карантин.

Калабрија и Круниќ исто така се вратија на тренинзите и ќе бидат повикани за дуелот со Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го посакува Гави, но Барселона не сака да слушне за продажба

Астон Вила ја разгледува можноста да го доведе Гави, но неговиот договор до 2030 година и …