Дома Останати Компанијата Mozzart и годинава лидер во полето на хуманоста

Компанијата Mozzart и годинава лидер во полето на хуманоста

Со голем број донации, поддршка и помош каде што е најпотребна, компанијата Mozzart ја завршува 2023 година на врвот на табелата на хуманоста.Од поединци до организации, здруженија, болници и спортски клубови, помошта на лидерот во приредување игри на среќа секогаш завршува на вистинското место. 

Почетокот на годината ја одбележа соработката со здружението „Ретко е да си редок”.  Mozzart кaко генерален спонзор застана зад петтата по ред сезона на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести”


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Една од поголемите донации беше направена во дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево. Просторот беше целосно реновиран, а децата добија нов мебел, дидактички материјали, играчки, телевизор, лаптоп и се она што беше потребно за подобар престој и функционирање на дневниот центар. Помош пристигна и во еден од групните домови за деца од ранливи категории, каде беше решен проблемот со греењето.

Лидерот во приредување игри на среќа, годинава беше силен поддржувач на македонското здравство, каде беа донирани над 35.000 евра.

Педијатриското одделение во болницата во Гостивар доби целосно нов лик, додека на Детската клиника во Скопје на Одделението за цистична фиброза стариот и дотраен мебел беше заменет со нов.

Сепак, најголемата донација по која ќе остане запаметена оваа година, беше направена на Клиниката за Неврологија, која благодарение на Mozzart доби нов апарат за рано откривање на мултипла склероза.

Покрај шампионите во бели мантили, компанијата Mozzart ги бодреше и оние на спортските терени ширум земјата – од спортски клубови, турнири,манифестации па се до поддршка на млади таленти во повеќе спортски дисциплини. 

Фудбалерчињата на ФК Спортефе, кошаркарите на ИБА, пливачот Тримчевски и атлетичарите од АК Делта, се само дел од младите таленти зад кои застана Mozzart. Успешна реализација годинава имаше и редовната акција „Нови дресови за нови шампиони”, каде на 24 спортски клубови им беа донирани комплет дресови. Лидерот во приредување игри на среќа, беше ветер во грб и на мотоциклистот Синиша Кочоски, кој годината ја заврши со големи успеси и многу освоени трофеи.

Како и секоја претходна, така и оваа година поддржани беа и синдикалните спортски игри на неколку државни инситуции.

Покрај спортот, компанијата се посвети и на екологијата. Mozzart беше спонзор и учесник на настанот „ОЦР Леуново 2023”, a донираше и садници за поубав и модерен лик на плоштадот во Штип. „Зад нас оставаме една многу успешна година. Со гордост можеме да кажеме дека секој план и секоја зацртана цел ја исполнивме. Бевме хумани и помогнавме секаде каде што тоа беше потребно. Видовме многу среќни, благодарни и задоволни лица.

Со полна пареа влегуваме во новата 2024 година, за кога се предвидени и многу нови проекти”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Со сите реализирани проекти и хуманитарни акции, Mozzart годинава го оправда своето мото „Биди Победник” и уште еднаш покажа и докажа дека на полето на хуманоста е тимот кој секогаш победува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ тренира на трева – ќе игра на Вимблдон!?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на Олимписките игри во Париз, но се надева дека ќе …