Дома Македонски спорт Мак фудбал „Комити“ уште вечерва низ улиците на Скопје ќе ја најават инвазијата на Кавадарци!

„Комити“ уште вечерва низ улиците на Скопје ќе ја најават инвазијата на Кавадарци!

Во недела во Кавадарци се игра баражот за место во Првата лига помеѓу Скопје и Вардар, а навивачите на Вардар уште вечерва ќе ја најават инвазијата на Кавадарци.

На Фејсбук страната на „Комитите“ најавија дека уште вечерва ќе излезат на улиците на Скопје каде што со песна ќе го најават баражот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Билетите за бараж натпреварот ќе го може да ги набавите на следните локации:

Петок (19.05) од 19:00ч пред хотелот “Холидеј Ин”, каде што од 20:00ч, навивачите на клубот, со песна низ улиците на градот ќе ја најават инвазијата на Кавадарци.

Сабота (20.05), ќе има продажба на фонтата во Градскиот Парк, од 12:00ч, се до 19:00ч.

Недела (21.05) ќе има продажба на билетите, на собирот пред С.Ц. Јане Сандански. Од 11:30ч, па се до тргнувањето кон Кавадарци.

Цена на билетите: Билет + превоз = 200 ден.

ВАЖНО: Одреден број на билети се наменети и за навивачите од другите градови. Ќе известиме наскоро на кој начин ќе можат да ги купат. Секој навивач ќе биде испочитуван, зошто Вардар е клуб на народот!“, објавија „Комити“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар емотивно се прости од Дарко Глишиќ: Поим за љубов, лојалност и посветеност!

Вардар вчера играше бараж за опстанок во ПМФЛ против Детонит, а овој натпревар беше послед…