Утре во рамките од ракометната Лига на шампиони со почеток во 17:30 часот Вардар ќе игра натпревар против Кјелце.
Овој натпревар освен што дерби по квалитетот на екипите привлекува посебно внимание поради Игор Карачиќ. Карачиќ долги години пожртвувано даваше се од себе во црвено-црниот дрес, а сега ќе треба да игра против многу свои пријатели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Посебна најава на овој натпревар преку социјалните мрежи имаа вардаровите навивачи.
-Има многу играчи кои ќе не задолжија со своето залагање, борбеност, талент и харизма, многумина кои ни подарија моменти на кои секогаш ќе се сеќаваме, на кои ќе се гордееме и ќе раскажуваме дека сме имале привилегија да сме нивни современици и да ги доживееме… Тешко е да доловиме што е она што значи овој човек за нас и за Вардар, но ако мора да има еден кој вечно ќе стои високо на пиедесталот, ако има еден на кој треба името да му го славиме а не е во Вардар, ако има еден кој заслужува да му биде подигнат споменик, тој еден не е Македонец по род, но е Комита и Македончиште по душа и убедување…Тој е тој, легендата – Игор Карачиќ !!!
Да му се поклониме и заблагодариме за сите солзи и радости, за сите моменти поминати заедно. Игор е наш, наш и ќе остане.
Сите во сала !!!