Дома Останати Ракомет Кокшаров: Против Кјелце ако треба ќе играме и со голман како бек

Кокшаров: Против Кјелце ако треба ќе играме и со голман како бек

Вардар вчера играше во изменет состав, но и во таков го победи Мотор Запорожје со 44:37 во рамките од СЕХА лигата.

Тимот на Вардар има сериозни проблеми со повреди, па и на оваа средба Кокшаров користеше крила како бекови. По натпреварот тренерот на Вардар порача дека против Кјелце во сабота ако треба ќе играат и голманите како бекови.

„Имаме две опции или се предаваме и воопшто не одиме или одиме по победа. Јас верувам и ако треба ќе играме и со голман како бек. Пред натпреварот изјавив дека имаме планови и скоро 40 минути бевме главни на теренот. Од бековите го имаме само Скубе, па и втор натпревар во низа крилата ни играа како бекови. Сепак, ситуацијата е таква и сега мислиме на натпреварот со Кјелце во сабота“, изјави Кокшаров.

Фото: Рк Вардар

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Комплетирани полуфиналните парови на женскиот Мундијал

На Светското првенство во ракомет за жени што се одржува во Јапонија, попладнево завршија …