Манчестер Сити синоќа на Вембли го совлада Тотенхем со резултат 1:0 и така остана непоразен и после десетото коло во ПЛ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Граѓаните се првопласиран тим на табелата со 26 освоени бодови, со импресивна гол разлика од 27:3 и на пат се да ја одбранат титулата ако продолжат со ова темпо.
Сити инаку ретко губи, но еден фудбалер на Граѓаните од доаѓањето во клубот не ја осетил горчината на поразот во ПЛ. Во прашање е Емерик Лапорте, со кој Манчестер Сити на теренот има речиси максимален ефект.