Дома Фудбал Ковентри ќе игра против Лутон за место во Премиер лигата!

Ковентри ќе игра против Лутон за место во Премиер лигата!

Ковеентри или Лутон ќе го пополнат последното место во Премиер лигата за наредната сезона.

Откако претходно ремизираа 0:0, вчера Ковентри успеа да слави против Миделсброу со 1:0 и така да обезбеди финале во плеј-офот на „Вембли“.

Одлучувачкиот момент натпреварот се случи во 57-та минута кога Хамер погоди и донесе голема радост за Ковентри.

Во првото полуфинале Лутон по поразот од 1:0 во првиот натпревар, во вториот го совлада Сандерленд со 2:0 и обезбеди место во финалниот дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два удари со глава, три бода за Бетис: Кучо го реши Слован во Братислава

Кучо Ернандез ги постигна двата гола во победата на Реал Бетис од 2-0 кај Слован Братислав…