Дома Фудбал Германија Ковач: Ни требаат нови фудбалери, вака нема да стигнеме далеку!

Ковач: Ни требаат нови фудбалери, вака нема да стигнеме далеку!

0

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач го „запали алармот“ и го повика раководството на клубот да бидат донесени нови засилувања.

Баварскиот гигант ова лето ќе претрпи големи промени и тимот веќе го напуштија Рафиња, Ариен Робен, Рибери, Хамес Родригез и Матс Хумелс, а на излезна врата се и Ренато Санчез и Жером Боатенг.

Во исто време во клубот до сега пристинаа само Бенџамин Павар и Лука Хернандез, па Ковач на располагање има само 17 фудбалери.

„Нема да стигнеме далеку со само 17 фудбалер, од кои двајцата се голмани. Имаме потреба од нови играчи и се надевам дека раководството брзо ќе реагира“, истакна Ковач.

Баерн следи неколку фудбалери на трансфер пазарот, но медиумите тврдат дека трансферите на Сане и Дембеле не изгледаат веројатни во моментов.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Де Геа дефинитивно го пропушта дербито со Ливерпул

Во Манчестер Јунајтед може да здивнат затоа што повредата на Давид Де Геа не е од посериоз…