Дома Фудбал Ковач заработи свирежи на натпревар на кошаркарите на Баерн

Ковач заработи свирежи на натпревар на кошаркарите на Баерн

Нико Ковач поминува низ тешки денови во Баерн Минхен.

Баварците лошо ја започнаа новата сезона, а многу навивачи побараа отказ за хрватскиот стратег кој го гледаат како главен виновник за лошите резултати. Баерн веќе четири натпревари не знае за победа, го завзема дури шестто место, а синоќа Ковач, спортскиот директор Хасан Салихамиџич и Хави Мартинез се појавија на натпревар на кошаркарскиот тим на Баерн во Евролигата.

Според пишувањата на германските медиуми, Салихамиџич и Мартинез добиле аплауз од присутните, а кога официјалниот спикер го најавил Ковач, следувало свирежи. Ковач бил многу смирен, а подоцна неколку навивачи се добложиле до него за да направат селфи.

Дали баварскиот гигант конечно ќе почне да остварува добри резултати или Ковач брзо ќе ја заврши епизодата во Минхен останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…