Дома Фудбал Клучна средба за иднината на Леао

Клучна средба за иднината на Леао

Раководсвото на Милан ќе има средба со претставниците на Рафаел Леао во следните 10-15 дена, која ќе биде клучна за иднината на Португалецот.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека на таа средба Милан очекува да добие конечен одговор на понудата за продолжување на договорот.

Како што е познато Леао на лето влегува во последната година од договорот и доколку не стави потпис на нов договор тогаш Милан ќе го стави на трансфер листа.

Преговорите за продолжување на соработката траат веќе неколку месеци, а сега „росонерите“ очекуваат конечен одговор од фудбалерот.

Последната понуда на италијанскиот гигант е плата од 7 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селтик даде седум гола, но Малони предупредува: Со Селта ќе биде поинаку

По убедливите 7-1 против Хартс, Селтик ја пречекува Селта во Лига Европа. Шон Малони бара …