Дома Фудбал Англија Клубот пред парите: Џани и друштвото се пример како фудбалерите треба да се однесуваат во овој момент!

Клубот пред парите: Џани и друштвото се пример како фудбалерите треба да се однесуваат во овој момент!

Фудбалерите и стручниот штаб на Лидс клуб во кој настапува макегонскиот репрезнетативец Езгјан Алиоски сами побарале да им бидат намалаени платите за време на пандемијата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поради пандемијата од коронавирусот отежнато функционираат сите клубови во светот. Приходите од влезниците клубовите сега ги нема, па добар дел од клубовите се приморани да ги намалат платите на своите играчи.

Во некои клубови како што се Динамо Загреб и Барселона играчите одбија да добиваат помали плати, за разлика од нив Џани и друштвото – сами побарале од клубот да им се намалат платите!

„Моите играчи покажаа неверојатно чувство за заедништво. Марсело Биелса, неговите соработници и играчите сами предложија да добиваат помали плати додека трае овој хаос“, изјави директорот на клубот Виктор Орто.

Инаку, Лидс е лидер во Чемпионшип и е надобар пат да се врати во Премиер лигата, секако ако првенството продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Знаеме кој е виновен“: Перез прозборуваше по скандалот кој го потресе Реал Мадрид

Ситуацијата во соблекувалната на Реал Мадрид последниве денови стана главна тема во шпанск…