Во досегашниот дел од сезоната клубовите од Премиер лигата потрошиле најмногу од сите европски првенства.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англичните не само што потрошиле најмногу, туку имаат повеќе и кога ќе се соберат трошоците на екипите од Бундеслигата, Ла Лига и Лига 1 заедно.




Премиерлигашите на нови играчи потрошиле сума од една милијарда и 604 милиони евра, додека бундеслигашите, шпанските и француските клубови заедно имаат потрошено една милијарда и 537 милиони евра.




Зад Премиер лигата на второт место со најмногу потрошени пари за нови играчи се италијанските со околу 635 милиони евра, па бундеслигашите со околу 474 милиони евра и шпанските со 428 милиони евра, Французите потрошиле 417.5 милиони евра.