Дома Фудбал Клубовите од Манчестер имаат најскапи тимови, ПСЖ на трето место

Клубовите од Манчестер имаат најскапи тимови, ПСЖ на трето место

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се двата клуба со најскапи состави во светот, објави Институтот за спортска статистика (ЦИЕС).

Гигантите од Манчестер се единствени клубови кои ја надминуваат границата од 1 милијарда евра.

Тимот на Манчестер Сити е проценет на 1.08 милијарди, додека соседите од „Олд Трафорд“ вредат 1.02 милијарди евра.

На трето место е ПСЖ со вредност од 939 милиони евра, а во Топ 5 се уште Реал Мадрид (787 милиони) и Челзи (780 милиони).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија има спас преку бараж: Последното место не значи крај во Лигата Б!

И покрај четвртата позиција во групата Б1, Македонија ќе добие можност да го одбрани место…