Дома Фудбал Германија Клосе: Левандовски е 10 пати подобар од мене!

Клосе: Левандовски е 10 пати подобар од мене!

Легендарниот германски нашаѓач, Мирослав Клосе верува дека воопшто не може да се спореди со Роберт Левандовски кој игра во импресивна форма.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


31-годишниот напаѓач на Баерн Минхен и Полска ја започна новата сезона на феноменален начин и веќе има постигнато 18 гола за клубот и репрезентацијата.

Левандовски наликува на мене, но е десет пати подобар од мене“, изјави Клосе.

„Има сличен стил на игра со мене. Тој е комплетен напаѓач, ги користи двете нозе, силен е со главата и има многу добар удар“, додаде Клосе.

Клосе во Бундеслигата даде 121 погодок носејќи го дресот на Баерн Минхен, Вердер и Кајзерслаутерн. Оваа бројка беше помината од Левандовски, кој има 213 голови во 297 настапи и стана четврти стрелец на вечната листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Баерн и Реал постигнаа таен договор поради Мајкл Олисе

По шпекулациите за трансферот на Мајкл Олисе, изгледа дека сега постои таен договор меѓу Б…