Дома Фудбал Англија Клоп: Јас пијан? Требаше да го видите Алисон…

Клоп: Јас пијан? Требаше да го видите Алисон…

0

Ливерпул за новата сезона се припрема во САД.

Тимот на Јирген Клоп во вчерашниот изгуби од Борусија Дортмунд со 3:2, но тоа беше натпревар во кој двата тима во првото полувреме играа со еден, а во второто со друг состав.

Тренерот на Ливерпул после натпреварот за „Телеграф“ даде интервју во кое зборуваше за минатата сезона во која Ливерпул ја освои титулата шампион на Европа.

„Цело време слушаш дека со Ливерпул е посебно да освоите нешто. Но, дури кога го направив тоа сфатив што ми зборуваа луѓето. Емоциите кои ги почуствував во тие моменти беа претешки. Тоа беше посебен успех од повеќе причини и не е нешто на кое си навикнат. Дефинитивно тоа е едно од најдобрите искуство во мојот живот“, изјави Клоп.

Посебно Клоп се потсети на шампионската парадан а Ливерпул на која излегоа околу 700.000 луѓе. Новинарите го запршааа Клоп дали бил пијан во автобусот на прославата.

„Јас пијан? Не. Испив само две пива, а целото пиво кое требаше да го испијам го испи Алисон Требаше да го видите…Кога поминавме дел од парадата бев воодушевен. Помислив дека не може да биде подобро, а тогаш свртивме на главната улица. Такво нешто никогаш не сум доживеал. Луѓето скокаа и ви кажуваа дека ве сакаат. Видов колку им значи тоа, верувајте на нас во клубот исто така тоа премногу ни значи“, се потсети Клоп.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Азар им одговори на оние кои тврдат дека е дебел (ВИДЕО)

Белгиецот Еден Азар кој ова лето пристигна во Реал не можеше да дебитира во Ла Лига поради…