Дома Фудбал Клоп: Фирмињо не е спремен, Мане е во добра форма

Клоп: Фирмињо не е спремен, Мане е во добра форма

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп повторно нема да може да смета на Роберто Фирмињо во утрешниот дуел со Кристал Палас.

Бразилецот се уште се рехабилитира од повредата и не ги обновил тренинзите, додека добрата вест за Клоп е што Садио Мане е спремен за игра.

„Боби не е готов и ќе започне со тренинзи дури следната недела. Треба да почекаме и да видиме. За новиот договор на Салах немам што да кажам бидејќи јас не учествувам во преговорите, можам само да кажам дека е во одлична форма“, истакна Клоп.

„Садио е во добра форма. Се зборува многу кога еден напаѓач пропушта шанси, но важно е во колку шанси учествува. Сигрен сум дека наскоро ќе го постигна 100 –от гол во Премиер лигата“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбал без бариери: 130 ученици учествуваа, прирачникот останува за тренерите

Проектот „Допри го голот“ ја заокружи едногодишната работа со деца со атипичен развој. Обу…