Во еден од поинтересните натпревари од првото коло во ЛШ Ливерпул како гостин беше поразен од Наполи со 2:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот одигран во Италија понуди квалитетна фудбалска представа, а иако Ливерпул во текот на 90 минути имаше повеќе шанси, на крајот остана со празни раце.
Еден од двата погодока Наполи го постигна од белата точка, на кој му претходеше сомнителен “старт“ од Робертсон над Каљехон, а тренерот на Ливерпул смета дека контакт немаше.
„Беше отворен натпревар со многу шанси. Верувам дека ние ги имавме подобрите, но проблемот беше во реализацијата. Мораме да го прифатиме резултатот.“ – изјави Клоп после натпреварот и додаде:
„Според мене не станува збор за пенал. Каљехон скокна пред контактот, но сега е завршено, не можеме ништо да промениме.“
Покрај Мартенс, мрежата на Ливерпул синоќа ја затресе и Љоренте.