Ливерпул е во добра позиција да избори пласман во Лигата на шампиони следната сезона, а доколку се случи тоа нема сомнеж дека ќе мораат значително да го засилат тимот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако „црвените“ се еден од најефикасните тимови во лигата, сепак нивната игра многу зависи од Мане и Кутињо, па Клоп сака да донесе уште еден врвен фудбалер на офанзивните позиции.
Аглиските медиуми пренесуваат дека прва желба е бразилскиот репрезентативец Лукас Моура, кој ова лето ќе го напушти Пари Сент Жермен.
Овој 24-годишен крилен напаѓач одлучно би се вклопил во филозофијата на Клоп, а медиумите тврдат дека „црвените“ за неговиот потпис се спремни да платат 45 милиони евра.